Фудбал
Жолта подморница гледа кон Европа по „потонувањето“ на Алмерија
Фудбалерите на Виљареал ја совладаа Алмерија на гости во 24. коло од шпанскиот шампионат со резултат 2:0 (0:0).
Виљареал беше многу подобар противник во текот на целиот натпревар, но не успеа да дојде до предност се до вториот дел од второто полувреме. Головите за тимот предводен од Кике Сетиен ги постигнаа резервистот Жерар Морено во 76. минута и Хозе Луис Моралес во 88. минута.
Двата гола ги намести крилниот напаѓач Самуел Чуквезе, а интересно е што Алмерија се закануваше само во периодот кога Виљареал дојде до клучна предност. На средбата домашните немаа ниту еден удар кон голот на Пепе Рејна.
Виљареал забележа нов триумф и со 37 бода, барем привремено, го зазема шестото место кое води во квалификациите за Лигата на конференциите. Барселона е на врвот на табелата со 59 бодови и натпревар помалку од Жолтата подморница. Седмопласираниот Рајо Ваљекано има меч помалку од избраниците на Кике Сетиен со 34 бодови. Алмерија моментално е на 16-та позиција со 25 бодови, но би можеле да ја надминат Ваљадолид и Валенсија кои се во зоната за испаѓање.