Connect with us

Фудбал

Зидан не полуде поради коментарот на Матераци за неговата сестра, туку поради Буфон

Неколку играчи во историјата на фудбалот изгледале дека ја контролираат сопствената судбина како Зинедин Зидан. Некои критичари сметаат дека му недостасувал континуитет да ја заработи својата репутација како еден од најголемите на сите времиња. Но, дури и ако има одредена вистина во тоа, способноста на Зидан да прави неверојатни потези кога е најпотребно (нешто што се чини дека им го пренел на своите играчи како менаџер на Реал Мадрид) и да обликува големи натпревари, пишува Фудбал Планет.

Се разбира, постои оној очигледен момент кога Зидан дозволува да падне маската, кога неговата судбина излезе од контрола, но на крајот тоа само ја зголемува мистичната привлечност на неговиот лик. Одење покрај трофејот на Светското првенство, со наведната глава, откако беше исклучен во поразот на Франција од Италија во финалето во 2006 година, по ударот со глава на Марко Матераци, веројатно е пресудната слика за кариерата на Зидан.

Но, наместо да се постави прашањето за човек надвор од контрола, тоа беше претставено како потег на човек кој сака да направи се само по свои услови. Но, остануваат многу прашања околу ударот со глава на Зидан тој ден. Најмногу од се: Зошто тогаш?

Во интервју за AS на Шпанија во мај, Матераци откри што му рекол на Зидан таа вечер во Берлин: „Имаше одреден контакт меѓу нас. Тој го постигна првиот гол за Франција во првото полувреме и селекторот Марчело Липи ми рече да го „обележам“.

Откако прво се закачивме, му се извинив, но тој реагираше лошо. По третото препукување се налутив и тој ми рече дека подоцна ќе ми го даде дресот. Му одговорив дека повеќе би сакал да му ја земам сестрата отколку дресот“.

Дали тоа навистина беше доволно за играч од искуството на Зидан да се реши на ваков чин на самосаботажа во последниот натпревар од неговата професионална кариера? Сигурно низ годините доживеал бројни слични навреди од противнички играчи и навивачи. Како што пишува Ед Смит во својата книга Што ни кажува спортот за животот: „Тоа можеби беше активирањето, но подлабоките причини лежат на друго место“.

Поранешен англиски играч на крикет, Смит од прва рака беше сведок на работата на умот на професионалниот спортист. Тој сугерира дека она што го одвојува Зидан од обичните смртници кои излегуваат на теренот е ниговата сигурност, неговото уверување дека нивната судбина ќе биде онаква каква што замислиле – како кога шутираше волеј со слаба нога во горниот агол во финалето на Лигата на шампионите.

„Тоа верување може да биде толку силно што не само соиграчите, туку дури и противниците можат да паднат под негово влијание.

Зидан го започна Светското првенство надвор од темпото, пред ненадејно да се појави во четврт-финалето против Бразил.

Потоа го постигна единствениот гол во полуфиналната победа над Португалија и првиот гол во финалето по само седум минути. Човекот беше толку усогласен со сопствениот наратив што реализираше пенал за паненка кој се осмели двапати да ја „бакне“ гредата на патот преку линијата.

Но, Италија не се држеше до сценариото на Зидан. Матераци, специјалист за неговата предодредена улога на негативец, израмни во 19. минута, а Лука Тони за малку ќе зголемеше на 2-1 со удар со глава кој се одби од гредата, испраќајќи ја играта во продолженија.

Можеби ова само го засили чувството на неизбежност на Зидан: половина час бис каде што ќе ја обликува најголемата сцена според своите желби. Потоа во 104. минута нешто се смени.

Зидан прикрадувајќи се во шеснаесетникот се најде слободен во близина на истата бела точка од која погоди претходно, а од десната страна упати центаршут Вили Сањоло. Тој грациозно одби и со силен удар со глава ја упати топката во горниот дел од голот. Дојде моментот на неговиот последен триумф. Но Џанлуиџи Буфон спаси.

Кога победи и го реализираше пеналот на почетокот, во реакцијата на Зидан беше забележлив психопатски недостаток на емоции. Но, овој пат тој експлодира од бес, викајќи во очај, не можејќи да го сфати постоењето на алтернативна судбина.

„Колку повеќе расте волјата на шампионот, толку повеќе се издувува кога ќе се пробие“, пишува Смит. Дефлацијата на Зидан, како и дефлацијата во целата негова кариера, беше од епски размери.

Шест минути подоцна беше исклучен. Кога Буфон му пријде да го утеши, Зидан изгледаше толку збунето што за момент беше снимен на работ на солзи, како дете чии родители одбиваат да попуштат и да му го дадат тоа што го сака. Италија победи во престрелката во која Франција беше лишена од најсмртоносниот изведувач.

Грешката на Зидан можеби го заврши последниот натпревар во кариерата, но токму тој му помогна да дојде до оваа позиција на прво место. Ова не беше Мухамед Али што се пензионираше откако беше претепан од Тревор Бербик, ова беше совршен крај на една несовршена енигма.