Connect with us

Фудбал

Зидан неочекувано се повлече од тренерската функција во Реал

Сосема неочекувано неколку дена по триумфот во Лигата на шампионите, Зинедин Зидан поднесе оставка од тренерска функција во Реал Мадрид.

Повлекувањето на Зидан доаѓа во моменти кога Французинот влезе во историјата како прв тренер кој успеал три пати едно по друго да триумфира во елитното натпреварување, а на Кралскиот клуб му го донесе 13-от пехар во шампионската Лига.

По веста за повлекувањето на Зидан веднаш се појавија шпекулации за можниот наследник, а на листата се наоѓаат Маурисио Покетино, Јоаким Лев, Луис Енрике, поранешната ѕвезда на Реал, Гути, Антонио Конте, Маурицио Сари и Арсен Венгер.