Connect with us

Други спортови

ЗОИ 2018: Американците со специјална облека на батерии

Репрезентативците на САД добија специјална облека која користи батерии за загревање, поради многу студеното време во Пјонгчанг каде од утре официјално почнуваат Зимските олимписки игри.

Специјалните грејачи вградени во облеката користејќи сончеви зраци може да обезбедат топлина во времетраење од пет часа. Апарати за загревање Американците исто така ќе имаат и во ракавиците.

Општо земено, ладното време е главниот проблем за сите учесници во Пјонгчанг. Температурите ретко се искачуваат над 0 Целзиусови степени.

Метеоролозите најавија студено време и во првите денови од Олимијадата, при што ветерот дава ќе дава чувство на уште поголема студ. Поради ова гостите на Свечената церемонија ќе добијат специјално направени ќебиња.