Фудбал
Ѕвездата на Наполи доби три пати поголема плата
Крилото и жива легенда на Наполи Квича Кварацхелија (22) би требало да го продолжи договорот со актуелниот шампион на Италија до 2028 година. Оваа вест ќе ги израдува навивачите на Наполи, кои се надеваат дека Грузиецот ќе остане што подолго во клубот на кој му помогна да ја освои шампионска титула.
Грузиецот минатото лето пристигна во Наполи за 11,5 милиони евра од Динамо Батуми. Зад себе има една од најдобрите деби сезони што може да се памети. На 43 настапи, тој постигна 14 и намести 17 гола и заедно со Виктор Осимхен беше клучниот човек за освојување на титулата.
Кварацкелија ги освои навивачите со својот дриблинг и меѓу нив се здоби со статус на легенда на која му црта мурали, а може да му се поласка и со прекарот „Кварадона“ кој го споредува со легендарниот Аргентинец. Според актуелниот договор, младиот Грузиец заработува околу 1,2 милиони евра по сезона, а неговата плата во новиот договор би требало да биде околу три милиони.
Така, тој ќе стане четвртиот најплатен играч на клубот зад Осимхен, Хирвинг Лозано и Пјотр Зиелински. За очекување е новиот договор донекаде да ги обесхрабри потенцијалните купувачи и Грузиецот да помине барем уште една сезона во Наполи.