Connect with us

Тајмаут

Ѕвездата на Реал Мадрид се ожени на 18 години

Младиот бисер на Реал Мадрид – Ендрик се ожени со својата партнерка Габриели Миранда, објавија двајцата на социјалните мрежи.

Бразилскиот модел објави цитат од Евангелието по Матеј: 19.6: „Значи, тие веќе не се две, туку едно тело. Затоа, она што Бог го споил, човекот нека не го разделува“.

Ендрик пред неполни два месеци наполни 18 години и потпиша со Реал Мадрид. За 29 минути игра во Ла Лига, напаѓачот постигна еден гол.