Connect with us

Фудбал

Ѕвездите на Манчестер Сити имаат посебен однос: „Кога немам девојка, тој живее со мене“

Бернардо Силва би можел да го напушти Манчестер Сити ова лето, а секако најтешко би му било на Жоао Кансело, кој е негов најдобар пријател.

 

Бернардо Силва веќе со недели се поврзува со трансфер во Барселона и според медиумите во Шпанија и Англија, прашање на време е кога ќе биде официјализирано заминувањето на Португалецот во каталонскиот клуб.

 

Клубовите веќе извесно време преговараат за трансферот на Бернардо Силва, а чекаат само Барселона да продаде дел од играчите за да се здобијат со услови да регистрираат уште едно засилување.

Заминувањето на Бернардо Силва нема да биде многу тешко за Пеп Гвардиола, кој има навистина одлични играчи на располагање, но има и такви кои се надеваат дека Силва на крајот ќе остане на „Етихад“.

 

Ова пред се се мисли на Кансело, кој има одлични односи со Силва, а не крие дека му е најдобар пријател во Манчестер Сити.

 

Силва и Кансело се познаваат со години додека играа заедно во Бенфика, а повторно станаа соиграчи пред неколку години кога Кансело потпиша за англискиот клуб.

 

Неодамна Кансело зборуваше за пријателството со Силва, а по неговата изјава стана јасно дека навистина имаат посебен однос.

 

“Кога немам девојка, Бернардо Силва живее со мене во мојата куќа. Со години сме цимери бидејќи добро се познаваме уште од Бенфика, каде што игравме заедно. Кога мојата девојка или неговата девојка патуваат некаде, ние живееме заедно и фудбалот е секогаш наша главна тема. Тој е одличен пријател и кога дојдов во Сити ме пречека на неверојатен начин и многу ми помогна“, изјави Кансело.

 

Бернардо Силва не ја крие големата желба да ја продолжи кариерата во Барселона, бидејќи тоа е клуб за кој навива уште од детството, но доколку Барса наскоро не ги реши проблемите околу регистрацијата на нови играчи, тогаш ова лето за Португалецот , ќе остане само сон.