ФОТО: Кој беше Мартин Јанушев?

Дваесет и осум годишниот Мартин Јанушев кој вечерва со неколку истрели во главата беше убиен пред кафулето „Ред кафе“ во Аеродром спортската јавност го памети последно како играч за фудбалскиот клуб Локомотива.
Мартин е роден на 28.07.1989 во Скопје. Последен пат има играно за Локомотива, а претходно во Маџари Солидарност и 11 Октомври.
Според информациите од Министерството за здраство, Мартин бил донесен на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“-Скопје, без знаци на живот.
Според неофицијални информации кои ги брифираат порталите веќе починатиот и убиецот имале стари нерачистени сметки уште од летово во една скопска дискотека.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје го раководи увидот на лице место во скопската населба Аеродром.
Поврзани вести

Косата како „тајно оружје“, изнуди два црвени картони бидејќи го влечеа за долгата коса (ВИДЕО)

Неверојатно: На Икарди му е суспендирана возачката дозвола до 2099 година, може да се врати зад воланот на 105 години

