Connect with us

Фудбал

5 години подоцна: Леви се исплаши да ги запознае навивачите на Тотенхем

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви изјави дека ќе биде организирана средба меѓу него и навивачите на тимот. Приврзаниците на „мамузите“ ќе можат да му поставуваат прашања.

Сепак, куриозитет е што вакви состаноци, кои се прифатени како нормална практика за тимовите од Премиер лигата, во Тотенхем не се одржуваат од декември 2017 година. Леви, кој има репутација на многу тврд и непопустлив, се верува дека конечно се плашел да се соочи со навивачите на тимот поради добриот почеток на сезоната на Спарс.

Тотенхем пропушти само 2 бода од првите 5 натпревари од почетокот на кампањата. Тие беа во дебито на новиот менаџер Анже Постекоглу против Брентфорд во првото коло. Оттогаш, лондончани се во серија од 4 победи и постигнаа 11 гола.

На средбата ќе бидат присутни и Постекоглу и првиот капитен Хјун-Мин Сон.