Connect with us

Кошарка

А, требаше да биде дерби-МЗТ Скопје го прегази Работнички

Бранителот на трофејот во Купот на Македонија, тимот на МЗТ Скопје Аеродром синоќа во Гевгелија го совлада Работнички со убедливи 97:63. Ова беше последното четвртфинале на кошаркарски куп „Благоја Георгиевски – Буштур 2025“.

МЗТ Скопје денеска  во полуфиналето ќе се соочи со Пелистер кој во четвртфиналето го победи Чаир со 76:72.

Домаќинот на турнирот, Кожув го совлада Куманово со 81:69 и обезбеди полуфинале против Гостивар кој беше поуспешен од ТФТ со 72:62.

Денеска на распоредот се полуфиналните средби, прво во женска, а потоа во машка конкуренција.