Connect with us

Фудбал

Африканскиот куп никогаш не разочарува: Во истиот тим за 13 минути настапија тројца голмани (ВИДЕО)

Африканскиот куп на нации, кој во моментов е во тек, продолжува да воодушевува со необични ситуации, а синоќа репрезентацијата на Уганда им приреди нешто што навистина ретко се гледа во фудбалот.

Континенталното натпреварување, за чиј трофеј секои четири години се борат најдобрите африкански фудбалери, можеби не е најелитното натпреварување по квалитет, но сигурно е највозбудливото поради неочекуваните ситуации, резултати и својот фолклор што го следи.

Фудбалерите на Уганда синоќа се соочија со неверојатна ситуација. Беа приморани да користат тројца голмани во само 13 минути, сите тројца кои ги повлекле на Африканскиот куп.

Очекувано, Уганда доживеа пораз од Нигерија со резултат 3:1 и така остана без пласман во нокаут-фазата.