SportM
Фудбал

Агентот на талентот е во Валдабебас, Реал Мадрид го постигнува следниот „гол“ против Барселона

SPORTM.mk16 ное 2026
Агентот на талентот е во Валдабебас, Реал Мадрид го постигнува следниот „гол“ против Барселона

Реал Мадрид е многу блиску до победа во жестоката борба за извонредниот европски талент Џеј Џеј Габриел, за кого интерес покажаа многу клубови како ПСЖ, Баерн и пред сè историскиот ривал Барселона.

Според Ел Чирингито, Али Барат, агентот на младиот талент од Манчестер Јунајтед, Џеј Џеј Габриел, се наоѓа во Валдабебас за финализирање на последните детали од трансферот на англискиот играч во Реал Мадрид.

Договорот е во процес неколку дена. Сега тој влегува во завршна фаза, откако страните постигнале вербален договор за 16-годишникот. Договорот ќе биде за пет години, а Реал Мадрид ќе плати 15 милиони евра, заедно со провизиите за агентот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.