„Ако Бог е со мене, кој може да биде против мене?“, силната порака на ѕвездата на Барселона

Левиот бек на Барселона, Алехандро Балде, привлече внимание со загонетна порака објавена на неговиот Инстаграм профил, по одличниот настап против Сабах во Лигата на шампионите.
Шпанскиот лев бек за првпат оваа сезона беше во стартниот состав, но неговата радост беше засенета поради повреда на зглобот на десната нога, што го принуди да го напушти теренот.
На Балде му беше потребен овој натпревар, кој му даде реална можност на шпанскиот бек да докаже дека може повторно да го врати довербата на тренерот и место во стартната постава на Каталонците, особено по последните извештаи за неговата иднина и гласините за можен трансфер во јануари.
Непосредно по натпреварот, Балде објави порака што предизвика многу реакции. „Ако Бог е со мене, кој може да биде против мене?“, се вели во



