SportM
Фудбал

Ако македонските клубови ја поминат првата рунда во Европа, во второто коло ги чекаат овие противници!

Редакција17 јун 2026
Ако македонските клубови ја поминат првата рунда во Европа, во второто коло ги чекаат овие противници!

Македонските екипи од Конференциската лига на УЕФА Силекс и Шкендија, ако ја минат првата пречка познати им се ривалите по денешното извлекување на двојките за следната рунда.

Победникот на Купот Силекс, ако го мине Динамо Минск од Белорусија (гостинскиот натпревар ќе се игра во Бугарија) ќе треба да патува и да игра против Нефтчи од Азербејџан.

Шкендија Тетово ако ја потврди фаворитската улога против Европа од Гибралтар, следен противник ќе им биде Браво од Словенија.

Потенцијално во втората рунда може да се најде и шампионот Вардар, ако биде елиминиран во првата квалификациска рунда од Лигата на шампионите ќе игра против Арарат од Ерменија или Рига од Летонија.

Натпреварите од второто коло во Конференциската лига се играат на 23 јули и 30 јули.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.