SportM
Фудбал

Ако не го победи Лидс, Карик ќе добие отказ?!

SPORTM.mk16 окт 2026
Ако не го победи Лидс, Карик ќе добие отказ?!

Британските медиуми потврдија дека тренерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, би можел да биде отпуштен овој викенд доколку не ја добие следната средба во Премиер лигата против Лидс.

Ултиматумот стигна по поразот од 2-0 против Атлетико Мадрид во вторникот во Лигата на шампионите. Овој резултат ја продолжи низата на натпревари без победа на Јунајтед на пет средби во сите натпреварувања.

Керик ќе направи сѐ за да избегне овој број да се зголеми на шест, додека се зборува дека има најмалку три големи кандидати за неговата замена. Станува збор за Јулијан Нагелсман, Антонио Конте и Фабијан Хурцелер.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.