SportM
Фудбал

Ал Хилал замената за Нејмар ја пронајде во Реал Мадрид

E R31 јан 2025
Ал Хилал замената за Нејмар ја пронајде во Реал Мадрид

Фото: tv21m

 Ал Хилал е заинтересиран за потписот на фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго, пренесува „AS“.

Според шпанскиот спортски портал, саудискиот клуб сака да донесе замена за Нејмар, чиј договор беше раскинат на крајот на јануари.

Со финансиски услови и статус на лидер и главна ѕвезда на клубот, што не може да го очекува во мадридскиот клуб, Ал-Хилал очекува да го привлече 24-годишниот Бразилец.

Родриго игра за Реал Мадрид од 2019 година. За „Кралевите“ одигра 245 натпревари, постигна 67 голови и 47 асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 100 милиони евра.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.