SportM
Фудбал

Ал Наср губеше, бесниот Роналдо заменет на полувремето, неговиот тим направи пресврт (ВИДЕО)

Редакција26 авг 2026
Ал Наср губеше, бесниот Роналдо заменет на полувремето, неговиот тим направи пресврт (ВИДЕО)

Ал Наср славеше со 3:2 на гостувањето кај Ал Етифак во третото коло од шампионатот на Саудиска Арабија. Домашните имаа предност од 2:0, а Ал Наср уште во 12. минута остана со играч помалку по директниот црвен картон за голманот Бенто. Дуда и Медран погодија за Ал Етифак до крајот на првото полувреме и најавија сигурна победа.

На паузата, тренерот на Ал Наср, Анге Постекоглу, го остави Кристијано Роналдо на клупата, кој не бесе среќен за оваа одлука на тренерот. Гостите во вториот дел заиграа многу подобро, а Садио Манé во 74. минута намали на 2:1.

Само три минути подоцна Ал Амри израмни на 2:2 по асистенција на Жоао Феликс. Во 90. минута Манé го постигна својот втор гол и му донесе целосен пресврт и победа на Ал Наср.
Со три победи од три натпревари, Ал Наср се искачи на лидерската позиција на табелата.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.