SportM
Фудбал

Ал-Наср загуби 4-0, Роналдо носи драстична одлука?

SPORTM.mk16 сеп 2026
Ал-Наср загуби 4-0, Роналдо носи драстична одлука?

Ал-Наср претрпе изненадувачки пораз од 4-0 против Ал-Аин, во првата недела во групната фаза на Лигата на шампионите за Азија.

Сауд Ал-Сарами, саудиски новинар и поранешен портпарол на Ал-Наср, веднаш по овој пораз, објави дека Кристијано Роналдо ќе го напушти саудискиот клуб за време на јануарскиот трансфер-период.

„Кристијано не е повеќе оној што беше за Ал-Наср и верувам дека ќе замине за време на зимскиот трансфер-период“, изјави тој за време на подкаст пренесуван на „Ал Арабија Спортс“.

Досега нема никаква реакција од португалската ѕвезда или саудискиот клуб. Една работа може да се каже со сигурност дека односот меѓу нив не е веќе како порано.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.