SportM
Фудбал

Александар-Арнолд не наоѓа простор во Реал, Ливерпул размислува за сензационално враќање на дефанзивецот

SPORTM.mk21 окт 2026
Александар-Арнолд не наоѓа простор во Реал, Ливерпул размислува за сензационално враќање на дефанзивецот

Она што некогаш изгледаше како далечна можност, сега може да стане сензационално враќање. Трент Александар-Арнолд не ја доживува авантурата која ја замислуваше во Реал Мадрид.

Според “TEAMtalk”, тој почна да ја доведува во прашање својата иднина, бидејќи добива помалку простор за игра отколку што очекуваше на „Бернабеу“. Се чувствува добро во шпанската престолнина, но недостатокот на минути на теренот претставува проблем.

Оваа ситуација ги зголеми сомнежите околу улогата на 28-годишниот играч, кој пристигна во Мадрид како слободен играч во летото 2025 со големи очекувања, но досега не успеа да обезбеди место во првата постава.

Минатата сезона Трент започна 14 натпревари како стартер, додека во тековната сезона, започнал само три пати од првата минута. Ситуацијата е внимателно следена од неколку од најголемите европски клубови.

Освен „црвените“ од Ливерпул, кои се заинтересирани за повторно обединување со Трент Александар-Арнолд, со цел да го пополнат празното место на десната страна, интерес покажуваат и Арсенал, Челси, Манчестер Сити и Баерн Минхен.

Реал Мадрид може да ја разгледа можноста за продажба ако пристигне соодветна понуда. Сепак, главната пречка останува високата плата за која беше постигнат договор при неговото преминување во Шпанија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.