SportM
Фудбал

Алиоски за мечот со Турција: Вакви мечеви се за чекор напред!

R E31 мај 2026
Алиоски за мечот со Турција: Вакви мечеви се за чекор напред!

На прес-конференцијата во пресрет на пријателскиот меч со Турција се обрати Езѓан Алиоски, кој порача дека ваквите натпревари се од големо значење за развојот на селекцијата.

-Ова се мечеви од кои можеме многу да научиме. Против Босна и Херцеговина покажавме добри работи, но јасно е дека е потребно време за да се воиграме. Секој ваков натпревар е ново искуство и нов чекор напред за тимот“, рече Алиоски.

Македонскиот репрезентативец зборуваше и за значењето на дресот со број 10, кој го носи во отсуство на капитенот Енис Барди.

-Голема чест е да се носи тој број во националниот тим. Сепак, најважно е она што ќе го покажеш на теренот. Репрезентацијата секогаш ми била посебен мотив и се надевам дека ќе продолжам да придонесувам за нејзините успеси“, истакна Алиоски.

Контролниот натпревар меѓу Турција и Македонија ќе се одигра утре на стадионот „Шукру Сарачоглу“ во Истанбул, со почеток во 18:30 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.