Алиоски замина од Саудиска Арабија, има нов клуб!
E R21 јун 2025

Фото: tv21m
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски ја заврши својата авантура во Саудиска Арабија. Се врати на европскиот контитент, ќе игра во Швајцарија, за тимот на Лугано. Трансферот го потврди швајцарскиот тим и веќе го промовираше во ново засилување.
Алиоски потпиша двегодишен договор со важност до 30 јуни 2027 година, со опција да остане во клубот и по истекот на договорните услови. За 33-годишниот лев бек, ова е враќање во Лугано, каде што веќе го носеше црно-белиот дрес во сезоните 2015/16 (18 настапи и 3 гола) и 2016/17, сезоната која ја заврши со 36 натпревари, 16 гола и 14 асистенции. Статистика која му донесе трансфер во Лидс Јунајтед.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



