SportM
Фудбал

Алисон: Имаме многу работи за подобрување, но не се плашиме од новите предизвици оваа сезона

SPORTM.mk2 сеп 2026
Алисон: Имаме многу работи за подобрување, но не се плашиме од новите предизвици оваа сезона

Првите две натпревари во Премиер лигата оваа сезона не беа многу добри за Ливерпул, затоа што ги завршија двете со нерешен резултат 2-2. Не многу добар старт за тимот кој оваа сезона го води Шпанецот Андони Ираола.

Сепак, голманот Алисон размислува позитивно за сезоната која штотуку започна: “Игравме добри натпревари, но уште имаме работи за подобрување. Немаме стабилност за целиот натпревар, но ќе стигнеме таму”.

Најважно е да победуваме и треба да одиме со тој менталитет на следниот натпревар. Немавме одлични резултати во предсезоната, затоа тренираме многу напорно, трениравме многу напорно во последните недели, во последниот месец”, рече Алисон.

Не многу екипи ќе ја држат контролата на топката против нас ако играме со правилен став, со правилен план, на начинот на кој се подготвуваме, со интензитетот за кој се подготвуваме. Треба работа, но сме подготвени за предизвикот”, рече Бразилецот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.