Connect with us

Фудбал

Алисон ја напуштил претсезонската турнеја на Ливерул во Азија

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, наводно ја напуштил претсезонската турнеја на клубот низ Азија поради лични причини.

Бразилскиот репрезентативец не присуствувал на отворениот тренинг што се одржал на JFA Dream Field во Токио. Подоцна беше откриено дека Алисон добил дозвола од клубот веднаш да го напушти Јапонија.

Ова значи дека бразилскиот репрезентативец нема да настапи на последниот натпревар против Јокохама Ф. Маринос на стадионот Нисан, закажан за среда.

Триесет и двегодишникот ќе им се приклучи повторно на соиграчите по нивното враќање во Велика Британија, пишува The Sun.

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, сè уште има доволно голмански опции на располагање, имајќи предвид дека на турнејата се и голманите Фреди Вудман, Армин Печи и Корнел Мисјур.

Интересно е што Алисон е веќе трет фудбалер што ја напуштил дводневната турнеја на Ливерпул низ Азија. Пред неколку дена клубот го напушти и Луис Дијаз за да го комплетира својот трансфер вреден 65,5 милиони фунти во шампионот на Бундеслигата, Баерн Минхен. Покрај него, Џо Гомез минатата недела се врати дома поради повреда на Ахиловата тетива и моментално е на дополнителни прегледи во Мерсејсајд.

Алисон би можел да им се приклучи на соиграчите на 4 август, кога на „Енфилд“ ќе играат против Атлетик Билбао.

Англискиот шампион потоа на 10 август ќе се соочи со Кристал Палас на „Вембли“ во борбата за Комјунити Шилд, а пет дена подоцна, на 15 август, Ливерпул ја започнува одбраната на титулата дома против Борнмут.