Алкараз триумфира на Мастерс турнирот во Париз, 29-та титула во кариерата на Шпанецот
SPORTM.mk9 ное 2026

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, моментално третиот на светската ранг-листа, ја освои вечерва последната Мастерс титула за оваа година, на турнирот „Ролекс Париз Мастерс“.
Во финалето, тој со 2-0 (7-6, 7-5) го победи Американецот Бен Шелтон, во силен и конкурентен дуел во двата сета, кои се решаваа во дополнителни геми.
Оваа победа претставува 29-та титула во кариерата на Алкараз, петта годинава, по победите на „Австралија Опен“, Доха, Токио и Виена.
Ова е деветти трофеј за шпанецот на турнирите „Мастерс 1000“. Тој е главен претендент за финалето на АТП, кое наскоро ќе започне во Торино, каде што ќе настапат осумте најдобри.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



