Алушовски не повеќе тренер на Еурофарм Пелистер
Редакција22 апр 2026

Стевче Алушовски и актуелниот македонски ракометен шампион Еурофарм Пелистер ја прекина соработката.
– РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот на екипата Стевче Алушовски поднесе оставка од својата позиција. Клубот ја прифати и му се заблагодари на Алушовски за професионалната работа, објавија битолчани попладнево на социјалните мрежи.
До крајот на сезоната екипата ќе ја води асистентот на Алушовски, Алексо Лембанов.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



