Американскиот кошаркар стана хит со објавата: Кога нема да направиш ништо, а сепак ќе освои златен медал (ФОТО)
E R11 авг 2024

Фото: tv21m
Во финалето на кошаркарскиот турнир на ОИ во Париз, селекцијата на САД славеа против Франција и тоа без поголеми потешкотии, а по доделувањето на медалите, објавата на еден од Американците ги насмеа сите.
Имено, Тајрис Халибартон, закачи фотографија со златен медал, заедно со хит коментар.
– Кога не правиш ништо на групен проект, а сепак добиваш А – напиша Халибартон. Инаку, Халибартон не одигра добро на овие Игри со оглед на тоа што во игра влезе само на три меча, со вкупно 26 минути поминати на теренот. Помина по осум минути против Јужен Судан и Бразил, додека на теренот беше две минути подолго против Порторико.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



