Аморим: Не можеме да ги решиме проблемите на Милан во еден преоден рок
SPORTM.mk28 авг 2026

Екипата на Милан вечерва ќе игра против Венеција во второто коло од првенството. Тренерот Рубен Аморим зборуваше и за трансферите на црвено-црните.
Кога беше запрашан за идните потези на Милан, Рубен Аморим беше јасен: “Има толку многу млади играчи кои имаат потреба од време за играње.“
“Не можеме да мислиме дека ќе ги решиме сите наши проблеми во еден трансфер рок. Ќе биде потребно време за да се среди сè.”, изјави португалскиот тренер.
На крајот, Аморим коментираше: “Потоа може да има изненадувања како она на Сисе. Сè што ќе направиме ќе има влијание во иднината.“
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



