Аморим за Рашфорд: Попрво ќе го ставам да игра тренерот на голманите, отколку него!
E R27 јан 2025

Фото: tv21m
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед синоќа го совлада Фулам со 1-0, а Маркус Рашфорд повторно не беше дел од таа победа. Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим повторно беше прашан зошто отсуствува Рашфорд, а медиумите добија многу остар одговор…
– Секогаш е истата причина. Причината е тренингот. Што мислам дека еден фудбалер треба да прави на тренинзите, во животот, секој ден. Ако работите не се сменат, јас нема да се сменам… Подобро да ми игра Витал (тренер на голманите), отколку играч кој не го дава најдоброто од себе. Тоа сигурно нема да го сменам“, изјави Аморим.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



