Анчелоти го промени ДНК-то на Бразил: Помалку „самба“, повеќе европска прагматичност
Редакција29 јун 2026

Иако Бразил традиционално се поврзува со атрактивен фудбал и доминација, ова Светско првенство прикажува поинаква слика за „Кариоките“. Во анализата на „Мундокаст“, беше истакнато влијанието на селекторот Карло Анчелоти врз стилот на игра.
„Ова веќе не се оние стари Бразилци. Под водство на Анчелоти, тие наликуваат на европска репрезентација. Се бранат во ниска зона, чекаат контри и не гледаме атракција на каква што сме навикнати. Но, резултатите на Анчелоти сите ги знаеме – тој можеби не игра атрактивно, но знае како да освојува титули“, беше заклучокот во студиото, оставајќи простор Бразил сепак да биде сериозна закана во нокаут фазата.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



