SportM
Фудбал

Анчелоти му одговара на Ромарио по барањето за отпуштање: Многу зборува, но има право

SPORTM.mk16 ное 2026
Анчелоти му одговара на Ромарио по барањето за отпуштање: Многу зборува, но има право

Карло Анчелоти одговори на острите критики од страна на Ромарио, добитникот на „Златната топка“ во 1994 година, кој по поразот од 3-2 против Јапонија јавно побара од Бразилската фудбалска федерација (CBF) да го отпушти италијанскиот тренер.

Пред пријателскиот натпревар против Сингапур, Анчелоти со мирен, но и ироничен тон изјави: „Ромарио изразува мислење, како и сите други, и тоа е негово право. Може да каже невистини, вистини или глупости. Вистината е дека Ромарио многу зборува, но тоа е негово право“.

Тренерот призна дека настапите на Бразил не се уште на посакуваното ниво и дека е потребно многу работа за да ја врати репрезентацијата на врвот на светскиот фудбал.

Анчелоти исто така го пофали Рафинја, кој беше исклучен против Јапонија, но одлучи да не се повлече предвреме од собирот, иако беше суспендиран за натпреварот со Сингапур. „Тој лично побара да остане со групата. Покажа голема љубов кон ‘Селесао’ и тоа е важен сигнал“, изјави Италијанецот.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.