SportM
Фудбал

Анчелоти: Тешко е да се биде Винисиус

E R8 јан 2025
Анчелоти: Тешко е да се биде Винисиус

Фото: tv21m

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, зборуваше на прес-конференција пред полуфиналето во шпанскиот Суперкуп против Мајорка. Натпреварот во Саудиска Арабија е утре, 9 јануари, од 20:00 часот.

-Постојано велам дека е тешко да се биде Винисиус. Санкцијата не е правилна, прокоментира италијанскиот стручњак за суспензијата на Бразилецот од два натпревари поради црвениот картон против Валенсија.

Тој го коментираше и новиот формат на Суперкупот каде има директни пенали по нерешен резултат и без продолженија.

-Малку се промени форматот. Планираме да одиграме добар натпревар. Секој натпревар има свои проблеми и тешкотии. Смирен сум. Тимот одлично приоѓа на ваков тип на натпревари. Нема да имаме проблеми со односот. Нашата динамика е добра, сподели уште Карло Анчелоти

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.