SportM
Фудбал

Англија ја совлада Хрватска во првото вистинско дерби на Мундијалот

Редакција18 јун 2026
Англија ја совлада Хрватска во првото вистинско дерби на Мундијалот

Англиската фудбалска репрезентација со победа го започна настапот на Светското првенство 2026, откако во возбудлив натпревар во Далас ја совлада Хрватска со 4:2 во рамките на првото коло од групата Л.

Хари Кејн го отвори резултатот во 12. минута од повторен пенал, а Хрватска возврати преку Мартин Батурина во 36. минута. До крајот на првото полувреме Кејн повторно погоди за Англија, додека Муса донесе ново израмнување за „коцкестите“ за 2:2.

Само две минути по почетокот на второто полувреме Џуд Белингам ја врати предноста на Англичаните, кои потоа доминираа на теренот и создадоа повеќе опасни шанси. Иако Доминик Ливаковиќ со неколку одлични интервенции ја одржуваше Хрватска во игра, Маркус Рашфорд во 85. минута ги постави конечните 4:2.

Со оваа победа Англија направи голем чекор кон пласман во осминафиналето, додека Хрватска ќе бара поправен испит во следното коло против Панама. Англичаните, пак, ќе се соочат со Гана.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.