SportM
Фудбал

Анри ја „круниса“ Шпанија: Целиот тим е вистинската ѕвезда, не индивидуалците, спектакл за очите…

SPORTM.mk24 сеп 2026
Анри ја „круниса“ Шпанија: Целиот тим е вистинската ѕвезда, не индивидуалците, спектакл за очите…

Тиери Анри ја оцени Шпанија за триумфот на последното Светско првенство, нагласувајќи дека успехот дојде пред сè од силата на тимот и јасниот идентитет на играта: „Тимот е вистинската ѕвезда во случајот на актуелните светски шампиони“.

Поранешниот француски напаѓач, во интервју за АС, додаде: „Ги загубив сите големи натпревари против Шпанија. Најдобриот тим го освои Светското првенство, тоа беше демонстрација на сила“.

Анри ја пофали и начинот на кој Шпанија играше без топка, не само со поседување: „Шпанија доминираше со и без топка, тоа е спектакл за очите“.

Тој го истакна пресингот и способноста на Шпанците да им дозволат на противниците многу малку удари во рамките на голот. Како пример за колективниот дух ја спомена и одлучувачката интервенција на Пау Кубарси.

Според Анри, оваа генерација на Шпанија ја прави уште поочигледна силата на нејзиниот систем на игра, можеби дури и повеќе од епохата на Чави, Иниеста, Бускетс, Пујол и Серхио Рамос, каде што извонредните индивидуални квалитети понекогаш ја засенуваа силата на колективот.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.