Анри ја разјаснува полемиката со Јамал: Не сакав да му го повредам егото!

Тиери Анри реагираше по полемиките што се создадоа за време на церемонијата на „Златната топка“ 2026 во Лондон, каде што ја водеше вечерта заедно со британската новинарка Кејт Скот.
Кога Ламин Јамал по трет пат го доби трофејот „Копа“, поранешниот француски напаѓач го праша на шега: „Дали ова е наградата што навистина ја посакуваше вечерва?“ Некои ја протолкуваа шегата како потсмевање за фактот што ѕвездата на Барселона не ја освои „Златната топка“.
Во видео, Анри го објасни својот став: „Гледав многу луѓе кои зборуваа за вечерта на ‘Златната топка’, па сакам да расчистам некои работи со оние што се налутија без причина.
Не ми беше намерата да му го повредам егото на Јамал. Бидејќи ова беше трет пат да го добие овој трофеј, мислев да го прашам дали навистина ова е наградата што ја посакуваше. Сите знаеме што сакаше, но за жал не ја доби.“
Анри го истакна своето воодушевување од шпанскиот талент: „Тој е еден од играчите за кои би платил да ги гледам како играат. Ми се допаѓа исклучително многу. Тој е извонреден фудбалер.“



