SportM
Фудбал

Аргентина убедлива, Меси заплака среде натпревар откако постигна хет-трик: Имав тешки денови (ВИДЕО)

Редакција17 јун 2026
Аргентина убедлива, Меси заплака среде натпревар откако постигна хет-трик: Имав тешки денови (ВИДЕО)

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси повторно го воодушеви светот откако постигна хет-трик во победата на Аргентина од 3:0 против Алжир на отворањето на Светското првенство.

По натпреварот, Меси изјави дека се препознава во легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал, истакнувајќи дека желбата за победи и потребата да се чувствува добро физички го мотивираат и понатаму.

Со трите гола, Меси се израмни со Мирослав Клосе на врвот на листата на најдобри стрелци во историјата на светските првенства со по 16 погодоци. По првиот гол, Меси и заплака, објаснувајќи дека минувал низ тежок период надвор од фудбалот.

„Моите солзи по првиот гол? Имав неколку тешки денови. Тоа не беше поврзано со фудбалот. Тие емоции беа токму поради тоа. Им благодарам на моите соиграчи, стручниот штаб и делегацијата што ми помогнаа“, изјави аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, кој со тоа го постигна својот прв хет-трик на светските првенства.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.