Артета: Да победиш на „Енфилд“ е големо задоволство како тренер, оваа победа ни требаше по разочарувањето во Купот

Арсенал се искачи на врвот од табелата во Премиер лигата по победата од 1-0 против Ливерпул на „Енфилд“. Важен успех за „топџиите“, кои за две недели го надминаа Манчестер Сити.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ја вреднува оваа победа високо, особено на личен план: „Како тренер, да победиш на „Енфилд“ е прекрасно чувство, затоа што помина толку многу време“.
„Ни требаше оваа победа. Исклучително сме горди, особено ако се земат предвид околностите во кои влеговме во овој натпревар, по поразот од Флитвуд. Ни требаше да ги собереме силите и да се подигнеме повторно“, изјави Шпанецот.
Понатаму, Артета изјави: „Ова беше мисијата, која не ја остваривме 14 години. Знаевме дека треба да ги направиме работите совршено и да ги издржиме моментите кога трпевме. Тие создаваат хаотични ситуации. Беше навистина впечатливо и многу сум среќен.“
„Чувствував дека сега е вистинскиот момент да победиме на ‘Енфилд’. Но, требаше да жртвуваме многу, а понекогаш ни требаше и малку среќа. Покажавме квалитет во клучните моменти и успеавме“, рече Артета.



