Артета го оценува Букајо Сака: Тој може да ја крене играта и на Арсенал на следно ниво

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ја оцени решителноста на напаѓачот Букајо Сака за да ја подигне својата игра на ново ниво за време на обидот на „топчиите“ да ја одбранат шампионската титула во Премиер лигата.
Минатата сезона, Сака беше затечен од повреда на тетивата на Ахил, која продолжи да влијае дури и за време на светското првенство. Крилниот играч на 25 години го скрати летниот одмор за да се врати порано на обврските со клубот и оваа посветеност беше наградена со голови против Ковентри, Астон Вила и Сандерленд.
Говорејќи за големата желба што ја покажува Сака, тренерот Артета рече: “Веднаш ја забележав оваа работа. Фактот дека сакаше да се врати порано беше веќе одличен знак, исто како и начинот на кој се подготвуваше за време на летото.“
“Работите се случуваат за време на кариерата и потоа ти треба одредена мотивација, или понекогаш мал поттик, за да ја кренеш на друго ниво. И Букајо навистина дава добри знаци кои навестуваат дека така ќе се случи”, коментираше Артета.



