Артета и Хаверц едногласни: Горди сме на начинот на кој се справивме со Баерн на негов терен

По нерешениот резултат 2-2 на „Алијанц Арена“, од Арсенал се појавија и реакции. Тренерот Микел Артета изјави: „До дојдовме тука за да победиме. Во првите 20-25 минути бевме подобриот тим. Имавме два тима кои сакаат да вршат притисок и да играат со многу висок интензитет. Продолживме да се бориме и се обидовме да победиме, што многу говори за карактерот и квалитетот на тимот. Се соочивме со многу силен тим“.
Каи Хаверц додаде: „Во целина, мислам дека нерешено беше праведен резултат. Имавме неколку шанси да постигнеме уште еден гол, но и Баерн имаше свои можности. Мислам дека беше натпревар на високо ниво за двата тима и за гледачите.
Можеме да бидеме горди на начинот на кој се справивме со Баерн на негов терен. Знаеме дека тоа е еден од најдобрите тимови во Европа, затоа сме задоволни со резултатот, иако сакавме повеќе. Баерн игра еден на еден на целото поле. Ова создава дуели кои не ги среќаваш на секој натпревар, но е задоволство да се игра во такви услови“.
Поврзани вести

Криза во Манчестер Јунајтед: Фернандеш против Карик: Тоа беше одлука на тренерот да се игра таква игра

Компани: Можеше да победиме против Арсенал, но сега е важен само наредниот натпревар

