SportM
Фудбал

Артета: Имавме одлична игра, неверојатно е што не постигнавме повеќе голови

SPORTM.mk25 ное 2026
Артета: Имавме одлична игра, неверојатно е што не постигнавме повеќе голови

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, остана разочаран од ремито 1-1 што „топчиите“ го остварија вчера против Борусија во Лигата на шампионите. „Мислам дека беше одлична игра“, изјави шпанскиот тренер.

„Начинот на кој игравме, имајќи го предвид противникот што го имавме пред нас, е нешто за кое треба да бидеме крајно задоволни. Има многу малку нешта што би можеле да ги побараме од тимот“, додаде Артета.

Понатаму, тој објасни дека ремито не е вистинскиот резултат: „Секако, останува чувството дека требаше да бидеме повеќе наградени по ваква изведба, имајќи го предвид бројот на шанси и ситуации што ги создадовме“.

„Има елемент на среќа, но исто така постои потреба да ги завршуваме акциите подобро. Трeба да продолжиме со упорност, бидејќи верувам дека она што тимот го направи и покажа вчера, укажува дека сме на вистинскиот пат“, изјави Артета.

„Многу ми се допадна како играше тимот. Нема сомнение колку бевме супериорни и доминантни, колку ризикувавме и колку сите беа поврзани со играта. Беше задоволство да се гледа. Неверојатно е што во некои случаи, топката не заврши во мрежата. Тоа е моето чувство“, рече тој.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.