SportM
Фудбал

Артета: Сè уште размислувам за загубеното финале од Лигата на шампионите

SPORTM.mk21 окт 2026
Артета: Сè уште размислувам за загубеното финале од Лигата на шампионите

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, е подготвен за дуелот во Лигата на шампионите кој „топчиите“ денеска ќе го одиграат против Баерн Минхен. Натпреварите меѓу шампионите на Германија и Англија секогаш ветуваат многу.

„Со нетрпение го очекуваме овој натпревар. Ова е сцена, противник, тренер, клуб и стадион каде што секој посакува да биде дел. Ја подготвивме средбата со голем ентузијазам“, изјави Шпанецот.

Артета објасни дека и покрај почетокот на новата сезона, сè уште не може да ја заборави минатогодишната загуба во финалето од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен: „Се обидов да ја оставам зад себе поразот на финалето минатата година, но не успеав!“

„Се обидував со недели во текот на летото, дури и денеска. Кога ја гледам топката и ја слушам музиката на Лигата на шампионите, посакувам тој трофеј исклучително многу. Денес повеќе од кога било“, рече Микел Артета.

Понатаму, тој додаде: „Знаеме дека треба да чекориме чекор по чекор, но верувам дека таа страст постои во екипата, бидејќи знаеме низ што поминавме. Не сме прогласени за европски шампиони, ја загубивме по пеналите. Ќе се обидеме повторно.“

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.