SportM
Фудбал

Атанасов: Нашата сила е колективот

Редакција2 окт 2026
Атанасов: Нашата сила е колективот

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов очекува конечно Македонија да ја прекине лошата серија и да забележи позитивен резултат на утрешниот меч против Шкотска, кој се игра во Скопје во 20:45 часот. Ја потенцираше атмосферата во соблекувалната и посветеноста на репрезентативците и покрај двата порази.

-Секако дека има незадоволство по два порази, но откако сум дел од националниот тим не се сеќавам да било лошо и некој од играчите да не се залагал. Атмосферата меѓу нас е одлична и се надеваме на позитивен резултат. Нашата сила е колективот“, истакна Атанасов.

Македонија и Шкотска ќе се соочат во сабота од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Главен судија на натпреварот ќе биде Франсоа Летексје од Франција. Досега овие две селекции одиграле четири меѓусебни натпревари. Шкотска има две победи, Македонија една, а еден меч завршил 1:1.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.