Фудбал
Аууу, штета, Арсенал дури подготвил реквизити да слави шампионска титула (ФОТО)
Премиерлигата ги врати назад сите материјали подготвени за прославата на титулата на Арсенал кои беа поставени на стадионот Емирати за време на последното коло од Премиер лигата. Оваа сезона Премиер лигата ни донесе драма во последното коло кога Манчестер Сити и Арсенал се бореа за титулата во Англија.
Сити го освои трофејот четврти пат во низа, со 3:1 победа над Вест Хем. Така, победата на Арсенал од 2:1 против Евертон остана незначителна. Сепак, како што налагаат правилата на Премиер лигата, сите материјали за прославата на титулата беа подготвени на двата стадиони, кој клуб и да го направи тоа. Во оваа прилика и Емирати и Етихад беа опремени со копија од шампионскиот куп, контингент медали за победниците, бина за доделување медали и шампионски лак. Сепак, беше искористен само еден, а тоа беше оној на Етихад кога Манчестер Сити ја освои титулата.
FOR SALE.
Arsenal celebration arch.
Never used.#arsenal #premierleague pic.twitter.com/18rhwZzL7Q— Ian Stapleton (@elasticaboy) May 21, 2024
🙈 Oh, Arsenal. The Champions arch graveyard… pic.twitter.com/vTpIFFRF4a
— Football Insider (@footyinsider247) May 20, 2024