Баерн го победи Фламенго во голеадата и закажа за големо дерби во четвртфиналето на Светското првенство (ВИДЕО)

Фото: tv21m
Баерн Минхен синоќа во одличен натпревар го победи бразилскиот Фламенго со 4-2, со што се пласираше во четвртфиналето на Светското клупско првенство во Америка.
Баварскиот тим влезе жестоко во играта и поведе во 6-тата минута со автогол на Ерик Пулгар, за Хари Кејн да го удвои водството на Баерн на 2:0 само три минути подоцна. Фламенго успеа да се врати пред полувремето со гол на Жерсон, кој со топовски удар го совлада Нојер и мрежата на неговиот гол, но во 41-вата минута Горецка постигна гол од 25 метри за 3:1. Фламенго успеа повторно да му се закани на Баерн во вториот дел, бидејќи Жоржињо го намали резултатот на 3:2 од пенал во 55-тата минута. Сепак, мирен финиш на натпреварот за Баерн го обезбеди Кејн со својот втор гол во 73-тата минута од натпреварот. Баерн се пласираше понатаму, а во четвртфиналето закажа голем судир со европскиот шампион Пари Сен Жермен, кој го елиминираше Интер Мајами во осминафиналето. Познато дека Челзи и Палмеирас се среќаваат во четвртфиналето.



