Баерн Минхен донесува изненадувачка одлука за трансфер пазарот, Еберл: Задоволни сме

Иако сѐ уште има многу време до крајот на префрслниот период, Баерн Минхен го затвори својот трансфер пазар за ова лето, задоволувајќи се само со потписите на Исмаил Саибари, Натанел Браун и Бара Сабоко Ндиаје.
Спортскиот директор на баварците, Макс Еберл, ја потврди одлуката за затворање на трансфер пазарот и изрази задоволство со тимот кој го имаат на располагање. Исто така, ја исклучи можноста за заминување на Алфонсо Дејвис.
“Секогаш се насмевнував кога ги читав шпекулациите за трансфери ова лето. Ние ги завршивме договорите за Натанел Браун и Исмаил Саибари многу брзо, и мислев дека е јасно дека сме ги завршиле нашите потписи. Не можев да се воздржам од насмевка со имињата кои беа поврзувани со нас, затоа што овие шпекулации се 0% вистинити.
Можам да потврдам дека заминување на Алфонсо Дејвис е исклучено. Конрад Лаимер и Јосип Станишиќ го покриваа местото на левата одбрана кога било потребно, и со Луис Дијаз, Аријон Ибрахимовиќ, Натанел Браун и Дејвис, имаме доволно можности на левата страна”, рече Еберл.



