Connect with us

Фудбал

Баерн со мистериозна објава најави бомбастично засилување, но на сите веќе им е јасно кој доаѓа

Минхенскиот Баерн со мистериозна објава го заинтригира навивачите, најавувајќи големо засилување.

Баерн утрово објави фотографија на официјалните канали, на која се гледа маж со шешир на глава и колумбиско знаме на грбот, додека описот на фотографијата е песочен часовник.

Засилувањето е Луис Дијаc, кој пристигна на лекарски прегледи и се комплетира трансфер вреден 75 милиони евра.

Се разбира, не им требаше многу на навивачите за да сфатат за кого станува збор, бидејќи уште пред неколку дена беше познато дека Луис Дијас е на чекор до потпис со Баерн.

Ќе потпише договор со Баерн до летото 2029 година. Баерн ќе му исплати 70 милиони евра обештетување на Ливерпул.

Дијас претходно играше и за Порто, од каде што премина во Ливерпул. Во дресот на „Црвените“ одигра 148 натпревари, постигна 41 гол и забележа 16 асистенции.