SportM
Фудбал

Барди: Играме во Скопје, ова е нашиот дом, треба да го покажеме нашиот идентитет!

Редакција25 сеп 2026
Барди: Играме во Скопје, ова е нашиот дом, треба да го покажеме нашиот идентитет!

Почнува Лигата на нации, Дивизија Б, а за Македонија ова ќе биде и првиот домашен натпревар по подолга пауза, што дополнително го зголемува мотивот кај репрезентативците. Утрешниот меч против Швајцарија е добра можност, да се види до каде сме со квалитетот. Капитенот Енис Барди очекува полниот стадион да биде важен фактор во дуелот со Швајцарија.

-Имаме одлична атмосфера, среќни сме што повторно сме заедно и подготвени сме за максимум. Очекуваме голема поддршка од навивачите, тоа многу ни значи. Играме во Скопје, ова е нашиот дом и треба да го покажеме нашиот идентитет. Многу ни значи полн стадион и свесни сме дека пред нас е тежок натпревар“, вели Барди.

Во составот има и нова енергија со неколку млади фудбалери кои за првпат се дел од А-репрезентацијата. Капитенот нагласува дека младите се добро прифатени во националниот тим и дека нивното присуство носи дополнителна свежина. Дуелот се игра, в сабота со почеток во 20:45 часот.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.