Барса го обнови договорот со Марк Бернал
Редакција1 окт 2024

Лидерот во шпанската Ла Лига, Барселона, најави продолжување на договорот со дефанзивецот Марк Бернал.
Новиот договор на играчот е со важност до крајот на јуни 2026 година, со опција за продолжување на уште 3 години откако играчот ќе наполни 18 години.
Бернал е дипломец на Барселона, а во сезоната 2024/25, 17-годишниот Шпанец одигра 3 натпревари за тимот.
Фудбалерот моментално се опоравува од тешката повреда откако ги скина вкрстените лигаменти на коленото.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



