SportM
Фудбал

Барса против ПСЖ и Сити, Реал против Интер и Арсенал, ќе имаме супер мечеви, извлечени паровите за ЛШ

Редакција27 авг 2026
Барса против ПСЖ и Сити, Реал против Интер и Арсенал, ќе имаме супер мечеви, извлечени паровите за ЛШ

Попладнево беше одржана жрепка за новата сезона во Лигата на шампионите. Ќе има неколку супер интересни натпревари уште во оваа прва фаза. Бранителот на пехарот, ПСЖ покрај другите за противници ги доби Барселона и Манчестер Сити, потоа Баерн Минхен ќе игра против Арсенал, Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, како поинтересни дерби мечеви.  На Реал Мадрид му се паднаа Интер, Арсенал и Рома од посилните противници, додека Ливерпул повторно ќе игра со Интер, но и со Атлетико Мадрид. Како што најавија од УЕФА комплетниот распоред за мечевите од новата сезона ќе бидат објавени во сабота.

Противници на ПСЖ се: Барселона, Манчестер Сити, Рома, Астон Вила, Галатасарај, Виљареал, Слован Братислава, Комо

Противници на Баерн Минхен: Арсенал, Атлетико Мадрид, Бетис, Манчестер Јунајтед, Бодо/Глимт, Лил, Славија Прага, Викинг

Противници на Реал Мадрид: Интер, Арсенал, ПСВ, Рома, Лајпциг, Шахтјор, ЛАСК, АЕК Атина.

Противници на Ливерпул: Атлетико Мадрид, Интер, Порто, Бриж, Виљареал, Фенербахче, Ленс, ЛАСК.

Противници на Интер: Ливерпул, Реал Мадрид, Бриж, Борусија Дортмунд, Шахтјор, Феенорд, Штутгард, Слован Братислава.

Противници на Манчестер Сити: ПСЖ, Барселона, Спортинг Лисабон, Астон Вила, Феенорд, Галатасарај, Комос, Сабах.

Противници на Арсенал: Реал Мадрид, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд,  Бетис, Лил, Наполи, Сабах, Славија Прага

Противници на Барселона: ПСЖ, Манчестер Сити, Астон Вила, Спортинг, Феенорд, Галатасарај, Комо, Сабах

Сите парови и тимови на следниот ЛИНК.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.