Барселона бара кредит од 210 милиони евра за трансфер на играчи и покривање трошоци!

Барселона побара кредит од банка во износ од 210 милиони евра за да се подготви за засилување на тимот пред почетокот на новата сезона.
Барселона се одлучила на овој чекор со цел да ги реализира трансферите на Хулијан Алварез, Жоао Кансело и Карим Адејеми, но и да ги покрие тековните финансиски трошоци на клубот, пишува Goal.com.
Кредитот е обезбеден со проектираните приходи за следната сезона и доаѓа во период кога клубот и понатаму се соочува со ограничена ликвидност.
Приоритетна трансфер-цел на Барселона е напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алварез, кој треба да го наследи Роберт Левандовски во врвот на нападот, откако Полјакот премина во Чикаго Фајр.
Иако најголемиот дел од кредитот од 210 милиони евра е наменет за финансирање на трансфери, Каталонците планираат дел од средствата да ги насочат и кон платите на вработените во клубот, како и за други оперативни трошоци.



