Connect with us

Фудбал

Барселона го допре дното, должи 1,3 милијарди евра, го продава највредното!

Барселона се соочува со долгови од 1,3 милијарди евра, а за да собере готовина, на аукција продава сувенири од своите легенди.

Во рамки на реновирањето на стадионот „Камп Ноу“, но и со цел да се соберат средства, Барселона одлучи да се раздели со многу вредни сувенири. Раководството на клубот отиде дотаму што на аукција ги стави дури и највредните предмети од соблекувалната на тимот: шкафче и клупа на Лионел Меси!

За шкафчето на Меси – 287.000 евра

Капитенот на Аргентина одбележа ера во каталонскиот клуб, со кој меѓу другото освои 10 титули и четири ЛШ. Логично, интересот за шкафчето е огромен. Особено затоа што на шкафчето е испечатена неговата слика, како и отпечатоците од копачките што ги носел.

Во овој момент највисоката евидентирана понуда е околу 287.000 евра. Сепак, победничкиот понудувач мора да плати и дополнителна провизија од 22%. Тоа веќе значи дека вкупната цена ќе надмине 350.000 евра – а можно е цената да порасне уште повеќе! Аукцијата трае до 13 февруари!

Барселона стави на аукција 28 предмети

Работите на Меси претставуваат само врв од колекцијата што Барселона одлучи да ја стави на аукција. Вклучува дури 28 предмети од стариот Камп Ноу. Меѓу нив се гардеробите на други клупски легенди, како Диего Марадона, Пеп Гвардиола, Роналдињо, Нејмар, Луис Суарез и Жерар Пике. Ќе се продаваат и делови од теренот. Парче вештачка трева од просторот за техничка клупа, знамиња од аглите на теренот користени на историски натпревари, дури и пенал крукчето! Целата оваа кампања е дел од проектот „Memorabilia“ кој Барселона го промовира под слоганот „Парче од клупската историја во вашата дневна соба“.